Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода гостин во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77. Зборуваше за неговите желби и политички амбиции, а на прашањето околу можна идна кандидатура за градоначалник на град Скопје, вели дека би бил еден од најуспешните на оваа функција.
- Премногу е рано за тоа. Имаме уште две години, јас сум на половина од мојот мандат. Ако сметаат граѓаните на Скопје дека сум спремен на такво нешто би ми било драго, затоа што и Кисела Вода никогаш немала градоначалник на Скопје, вели Ѓорѓиевски.
Додава дека ако неговата политичка партија смета дека тој е човекот со кој може да се оди на избори, тогаш тој би се запишал во историјата како еден од поуспешните градоначалници на град Скопје.
Во однос на измените во Кривичниот законик и законот за амнестија, дали постои некаков договор околу истите, Ѓорѓиевски вели дека договор меѓу партиите нема но политички и психолошки притисоци врз членовите на ВМРО секако имало.
- Де факто СДС од кога дојде во државава факт е дека имаше политички монтирани случаи да зборуваме реално. Триста прикани имаше во јавноста конкретно за Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, кои се делата за кои се товарат, а на крајот на денот излезе да одговараат за смешни работи. Имаше еден период кога се вршеше класичен политички прогон во државава, се правеше психолошки терор на цело жленсѕво, вели Ѓорѓиевски.
Ова што сега со измените на Кривичниот законик го прави СДСМ си го прави за себе не за ВМРО, зашто вака крајот им мириса, вели Ѓорѓиевски.
Тој потенцираше дека на крајот на краиштата пратениците од ВМРО не ги поддржаа таквите измени, а запрашан за тоа зошто воопшто останаа на седница и создадоа кворум, нагласи дека за тоа земаат плата, местото на пратениците е во парламент.
- Ако во Собрание пратениците на ВМРО ДПМНЕ бидат присутни и критикуваат, зошто биле присутни, ако се надвор, зошто биле надвор. ВМРО ДПМНЕ не е власт во државава на централно ниво власт е СДС, потенцира Ѓорѓиевски.
Целата емисија проследете ја на линкот подолу: