Поранешниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ летово се прости од професионалната кариера, а за разлика од многу негови колеги, тој не сакаше да оди по пари и да игра во Кина или Саудиска Арабија, пренесува еспресо.рс.
Славниот ас сакаше што подолго да игра фудбал на врвно ниво, па му кажа „збогум“ на фудбалот во дресот на Милан, чиј дрес двапати го носеше од 2011 до 2012 година, а потоа се врати во 2020 година.
Тој откри дека одбил баснословни пари од клубови надвор од Европа.
-Имав понуди од Кина, но и од Саудиска Арабија, тоа не ми беше цел. Отсекогаш сум велел дека големите играчи треба да ја завршат кариерата на високо ниво. Луѓето треба да ги паметат по талентот, а не по тоа колку заработиле – изјави Ибрахимовиќ.
Нему му е несфатлива одлуката на Роналдо…
-Не можете да паднете на тоа ниво и потоа да ја завршите кариерата. Уште колку пари сакаш? Можам да разберам некои играчи кои одат таму бидејќи не заработија многу во текот на нивната кариера. Но, што е со другите? Разликата меѓу мене и другите играчи е во тоа што не ми требаат пари, но сум многу скап – изјави во негов стил Ибра.
Ибрахимовиќ не гледа дека моралот е знак прашалник ако играш во Саудиска Арабија поради ситуацијата во таа земја.
– Не гледам проблем. Жал ми е за оние играчи кои играа таму пред многу години и не можеа да заработат толку пари како денес – заврши Ибрахимовиќ.