Телохранителот на Тејлор Свифт се врати дома во Израел за да се бори против Хамас, јавуваат странските медиуми.
Талмор Моран, кој наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да дојде во САД, се вратил во својата татковина бидејќи „не можел да стои на страна додека семејствата ги колат и живи ги палат во нивните домови“,известува Еран свис.
Преку тој медиум, телохранителот ги повика другите „да не стојат на страна и не прават ништо“.
– Не бидете на погрешната страна на историјата – рече тој.
Тој потоа додал дека „додека едната страна ги штити бебињата, децата и постарите лица, другата страна ги користи како жив штит“.
„Ќе ги навредиме животните ако овие луѓе ги нарекуваме животни, но тие не се луѓе. Тие убиваа и касапеа семејства во креветите заедно со нивните миленици, а потоа ги запалија тие куќи. Обидете се да замислите дека такво нешто се случува во вашето соседство, на вашите соседи, семејството или познаниците“, напиша тој.
Медиумите пренесуваат дека Талмор по потекло е од Израел, но дека со години живеел и работел во САД, пишува NY Post.