Седум професии добиваат автоматско признавање на квалификациите во земјите од Западен Балкан, откако вчера во Тирана, Албанија, беше потпишан Договорот за мобилност. Со тоа, професиите како доктори по медицина, стоматолози и архитекти, медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки ќе можат да работат во секој од овие земји со признати квалификации, со што им се подобрува пристапот на пазарот на труд.
Сепак, вчера потпишаниот Договор од лидерите на Западен Балкан во Тирана ќе треба да биде ратификуван од владите на сите земји и стапува во сила на триесеттиот ден од депонирањето на третото официјално известување за ратификација.
Потпишувањето на овој договор денеска една година откако лидерите потпишаа три договори за мобилност на Самитот на Берлинскиот процес, што се одржа во германската престолнина минатата година. За трите договори – за слобода на движење со лични карти, за признавање на високообразовни квалификации и за признавање на професионални квалификации за доктори на медицина, стоматолози и архитекти – само 4 од 6 економии на Западен Балкан ги завршија интерните процедури за ратификација.
Учесниците на Самитот го поздравија стапувањето во сила на намалените такси за роаминг на податоци помеѓу ЕУ и Западен Балкан. Тие ја истакнаа важноста на регионалната соработка во Западен Балкан, нагласувајќи ја важноста од зајакнување на поврзувањето, транспортот, трговијата, енергетските и дигиталните врски во регионот, како и меѓу регионот и ЕУ.
Домаќин на следниот лидерски самит во 2024 година, на 10-годишнината од Берлинскиот процес, ќе биде Германија.