Драма се случувало денес на Конечка планина во близина на Штип.
При гаснење на пожар пожарникарите забележале дека еден од нивните колеги го нема.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека кога пожарникарите забележале дека колегата им го нема, веднаш престанале со гаснењена пожарот и почнале да го бараат исчезнаиот пжарникар.
-Кога бевме информирани побаравме дополнителна помош и почнавме со пребарување. Неколку часа подоцна полицискиот хелихоптер забележал лице кое седел на земја. Не беше во најдобра здравствена состојба, но сепак, беше жив. Од хелихоптерот беше спуштен припадник на тигрите со сајла се спушти, но поради ветерот не успеја да го извлече. Но, потоа со помош на други колеги и ловци, кои го знаат теренот, беше стасано до лицето, кое ќе биде пренесено во болница, вели ангелов.
Погледнете ја целосната изјава на Ангелов: