Трансродова жена за прв пат ја освои титулата Мис на Португалија и ќе се натпреварува со уште една трансродова жена, Мис на Холандија, за титулата Мис Универзум во Ел Салвадор, објавија португалските медиуми, а пренесува курир.рс.
🇵🇹️ Une femme transgenre, Marina Machete, est couronnée Miss Portugal, une première dans l'histoire du concours. Elle participera à Miss Univers avec Rikkie Kollé, première femme transgenre élue Miss Pays-Bas. #MissPortugal #Transgenre pic.twitter.com/ojseDRqk8i
— Néo Actu (@ActuNeo) October 7, 2023
Марина Мачете, 28-годишна стјуардеса, беше и првата кандидатка за титулата Мис на Португалија, која ја освои на натпреварот во четвртокот во Борба во областа Евора на југоистокот од земјата.
Горда што сум првата трансродова жена која се натпреварува за титулата Мис Универзум на Португалија“, напиша таа на социјалните мрежи пред да победи на овој натпревар за убавина.
„Со години не ми беше можно да учествувам, а денес сум горда што сум дел од оваа неверојатна група финалистки кои се натпреваруваат за титулата Мис на Португалија“, додаде таа.
Во јули, 22-годишната Холанѓанка Рики Коле стана првата трансродова жена која ја освои титулата Мис на Холандија.
Марина Мачете и Рики Коле ќе ја наследат Шпанката Анџела Понсе, која во 2018 година стана првата трансродова кандидатка за титулата Мис Универзум.