МВР информира дека во претрес во Куманово пронајдена е дрога од различен вид.
-На 04.10.2023 во 21.35 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога, информираат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.