Факти: 220.000 луѓе кои живеат во Германија се по потекло од Македонија.
За последните две години (2021 и 2022) се иселиле 85.000 граѓани од Македонија.
Земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија.
Најновото истражување на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека според последниот попис на населението во Германија (2022), во оваа земја живеат 222.000 луѓе со македонско потекло, од кои 158.000 се родени во Македонија.
„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44%, од 154.000 на 222.000; 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година; Така, за само две години, 85.000 граѓани на Македонија заминале во Германија.
Со други зборови, земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија“, се вели во најновото истражување на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.
извор:Лајм