Овој износ сепак, е за цели сто евра помал од тој што бугарските граѓани го трошеле претходно. Бугарите најчесто купуваат во Делчево и парите што ги внесуваат во делчевската економија изнесуваат околу 5,1% од собраните локални даноци. Во Пехчево е околу 1% и половина процент во Берово.
Поголемиот прилив на девизи од Бугарите во Делчево се должи на тоа што во овој град, кој е најблиски до границата, има за 16 пати повеќе бугарски посети отколку во Берово и Пехчево.
Податоците се дел од Вториот извештај на организацијата Центар за економски анализи (ЦЕА), чие теренско истражување укажува дека посетите од бугарските граѓаните е зголемена во овој период на известување, но просечната потрошувачка по посетител е намалена.
-Просечната вредност на потрошувачката по услуга на месец од страна на посетителите од Бугарија во микро регионот е околу 150 евра (во претходните период изнесувала 253 евра на месец).Малите продавници бележат зголемен промет од бугарските посетители, споредено со изминатиот квартал, а во наредниот период најголем број од ниво очекуваат прометот да остане променет, стои во Извештајот на ЦЕА.
Во хотелите и рестораните во сите три општини се бележи зголемен промет од бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од нив очекуваат прометот да остане ист и во следниот период.
Во зелените пазари во Делчево се бележи претежно намален промет од страна на бугарските посетители споредено со минатиот квартал и најголем број од сопствениците или за купувачите на тезги на зелените пазари очекуваат зголемен промет за следниот период.