МВР информира за крадец од Кавадарци, кој вчера е уапсен.
-На 04.09.2023 во 14.00 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишен малолетник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.