Поминаа 26 години од сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дијана, но сеќавањето не згаснува.
Изминативе години се слушаа различни верзии за тоа како дошло до несреќата со смртен исход, а неодамна во јавноста стигнаа и изјави на очевидци од местото на настанот. Сите тие претходно дале изјави во полиција, но никогаш не зборувале за новинарите.
Дијана починала како последица на внатрешно крварење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата. Во минутите по несреќата, полусвесна на задното седиште, со згмечени главата и градите, Дијана, вели Џонс, тивко го довикуваше Доди.
Тим од пожарникари најпрвин пристигнал на местото на настанот, а еден од нив и пришол на принцезата Дијана, која сè уште била при свест.
- Освен повреденото рамо, се чинеше дека се е во ред со жената која била во автомобилот. Дишеше и зборуваше – се присети шефот на противпожарната служба Ксавиер Гурмело, кој тогаш не знаеше дека и помага на британската принцеза.
-Кога стигнав на местото на несреќата таа се уште зборуваше и беше свесна. Таа рече на англиски: „О Боже, што се случи?“ Можев да го разберам тоа, па се обидов да ја смирам. Ја држев за рака“, изјави Завиер за Даилѕ Маил. - Дури кога ја ставивме во брзата помош дознав за кого се работи. Капетанот ми рече дека тоа е принцезата Дијана, а потоа сфатив зошто изгледа познато.
Слично искуство имал и докторот Фредерик Мејли, кој случајно се нашол на местото на несреќата додека се враќал дома по забава.
-Веднаш видов дека две лица се мртви. Дијана и нејзиниот телохранител беа тешко повредени, но се уште живи – изјавила тогаш Мејли. Докторот најпрво и помогна на принцезата, која седеше на подот на „мерцедесот“.
- На почетокот изгледаше добро, па зборував со неа на англиски. И кажав дека сум доктор и се ќе биде во ред. Дури и кога ја однесе брзата помош, немав поим кој е пред мене. Дури подоцна го открив – додаде тој.