Една од најпознатите светски актерки, Сандра Булок неодамна соопшти дека ќе „паузира“ од Холивуд, а кога почина нејзиниот партнер Брајан Рендал, на сите им беше јасна нејзината одлука, пренесува мондо.рс.
Тој почина од невродегенеративна болест со која се бореше три години. Последната година, Сандра Булок одбиваше да снима нови проекти за да се грижи за него.
Сандра и Брајан беа во врска од 2015 година, но никогаш не го изговорија судбоносното „да“. Тие го чуваа својот приватен живот далеку од очите на јавноста, а на ваквото „непишано правило“ се придржуваа и кога Брајан се разболи. Тој почина на почетокот на август годинава, а за актерката која ја изгуби љубовта на својот живот, следуваше тежок период.
Наводно Сандра на Бахамите ќе ја истури неговата пепел на Бахамите, поточно на местото кое го обележа нивниот живот.
„Тоа место беше посебно за нив двајца. Таму споделуваа среќни моменти, таму беа со недели. Има многу причини таа да се збогува со него токму овде“, изјави добро упатен извор.
Тие на Бахамите имаа неформална церемонија на која разменија завети пред нивните семејства. Со овој чин не станаа маж и жена, но пред децата покажаа колку си се важни еден на друг.
Пред една година актерката се повлече од светот на глумата за да се посвети на семејството. Со оглед на тоа дека ја криеја болеста на Брајан, таа често се појавуваше во јавност без него, но многумина тоа го протолкуваа како проблем во нивната врска. По неговата смрт, стана јасно дека тие биле разделени поради неговата болест.
Актерката не стана мајка по биолошки пат па во 2010 го посвои првото дете, а пет години подоцна посвои уште едно.