Нема ништо спорно ни во проектот на Светска банка, ни во изведбата на модуларната болница во Тетово од страна на компанијата „Брако“. Нема никакво убиство со умисла, ниту заговор. Ако се почитувале јасните упатства за менаџирање на овој објект од времен карактер, ако од него не се направел контејнер за интензивна нега на ковид-пациенти полн со воздух „заситен“ со кислород и со кислородни „бомби“, до пожарот немало ни да дојде. Во каков филм и да сме влезени, вистината за причините за трагедијата нема да можеме да ја изгориме.
Порталот Плусинфо не го објави документарниот филм на ИРЛ со наслов „Убиство во Тетово“, за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година, во кој загинаа 14 лица. Постојат две крупни причини поради кои донесовме ваква уредничка одлука:
Сторијата е преземена од Плус Инфо. Прочитајте ја целата сторија од авторот Бранко Геровски на овој линк.