СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(62) од с.Велмеј, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.
-Пријавениот, како самостоен референт матичар во Управата за водење на матични книги Подрачно одделение – Охрид, на 24.03.2020 на непознати лица издал документ „уверение за слободна брачна состојба” на име Д.Ј.(74), со што им нанел штета при оставинска постапка на синот и ќерката на покојниот Д.Ј. и им оневозможил да си ги остварат своите права.