Многу пати досега е потврдено дека кучето е најголем пријател на човекот, и кога сака таа љубов е вистинска.
Уште една ваква приказна стаса од кавадарци, а ја објави на Фејсбук Здружението за заштита на животни „Шепи“, поточно активистот Биљана Миркова.
-Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде… Срце да ти се крши, стои во објавата.
Ова беше доволен повод ММС да се обрати до Миркова, која ни ја раскажа приказната за Симба.
-Симба е улично куче и за него се грижеа сите од зградата, му даваа храна , но највеќе Галабова. Таа почина, а Симба од тој момент не се трга од нејзината кла. Не мрда од таму. Таа нон стоп го хранеше и се грижеше за него и затоа најмногу ја сака. Навистина многу се сакаа, вели Биљана и додава:
-Симба е многу мирно и многу е мило куче. Би било прекрасно некој да го вдоми, некој кој има дворче. Симба очекува неговата омилена личност да излезе, да му даде да јаде, научен е на неа и чека да се галат. Тој не е гладен, ние му даваме да јаде. Ама тој не мрда. Премногу се сакаа. Симба беше заловен и во стационар и Галабова отиде таму, го зема и го хранеше. Не знам до кога лежи. Во секој случај многу тажно, ни рече Миркова.