Актерката, Џејда Пинкет Смит, сопруга на холивудската ѕвезда Вил Смит, со години беше без коса поради алопеција. Таа имаше проблем со оваа автоимуна болест, поради која се соочуваше со опаѓање на косата.
Сега на Инстаграм покажала дека косата ѝ пораснала и ги израдува фановите.
„Оваа коса се однесува како да се обидува пак да се врати. Имам уште неколку проблематични подрачја, ама ќе видиме“, напиша таа на социјалните мрежи.
Џејда за првпат прозборе за губењето на косата пред пет години.
„Многумина се прашуваа зошто носам турбани. Па, не зборував за тоа, не е лесно да се зборува. Еден ден се туширав и тогаш ми остана коса во рацете. О Боже, дали наскоро ќе бидам ќелава? Буквално се тресев од страв“, изјави тогаш Џејда.
Имено, алопецијата настанува кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на влакната, а тоа резултира со губење на косата. Може да дојде до изненадно губење на косата, но во некои случаи и на веѓите и трепките. Исто така, може да се појави повторно после неколку години.
За потсетување, Вил Смит минатата година се најде во скандал кога на доделувањето на Оскарите му удри шамар на свој колега бидејќи ја навреди неговата сопруга.