По операцијата на слепото црево, што лекарите ја направија во последен момент и со тоа му го спасија животот, Жика Јакшиќ сериозно размислувал за прашањата за животот и смртта.
Бидејќи со денови имал болки, ризикот од сепса бил голем, а шансите за преживување мали, но хирурзите дале се од себе и тој се извлекол, пренесува свет.рс.
Но, тогаш се сетил дека навреме може да си обезбеди гробно место. На сите што го сакаат им звучело бизарно, но Жика знаел дека за еден час човекот може да го нема, а бидејќи не сака да го оптоварува својот постар син, момчето е уште младо за такви работи, се погрижил самиот за се.
-Купив место за мојата вечна резиденција и веќе е украсено и подготвено веднаш за вселување. Купив на време, да не се расправаат каде да ме закопаат и како тоа иде, ама убаво си направив да имам поглед, да имам мир, да уживам. Јас си обезбедив место за да имам каде да живеам кога ќе умрам! И сакам да кажам дека немам страв од смртта.
-Сум дошол толку далеку во во својата глава, толку се ископав што воопшто не ми е проблем да зборувам за тоа – рекол Жика, а неговата колешка Злата Петровиќ тврди дека тоа треба да го направи секој одговорен.
-Таа приказна за купување гробно место всушност започна со мене. Секој одговорен што купува куќа и гради дом треба да обезбеди и гробно место. Можеби сега стана мода, но не ми е баш гајле – вели Злата, пренесув курир.рс.