Мис Венецуела, Аријана Виера (26) загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида во јули оваа година.
Оваа убавица требаше да ја претставува својата земја на натпреварот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври, но за жал таа настрада, откри нејзината мајка за локалните медиуми, пренесува Јутарњи.
Мајката изјавила дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор и удрила во возилото пред неа. Како што вели, брзата помош пристигнала брзо и два пати ја оживеале Аријана, но за жал таа починала на пат кон болница.
„Ја оживеаја и потоа доживеа срцев удар. Повторно ја оживеаја, но таа почина кога ја однесоа на трауматологија“, рекла уништената мајка, пренесува The Sun .
Она што најмногу шокираше многумина е нејзиното видео од пред само неколку месеци во кое таа изгледа како да ја предвидува својата смрт.
„Се снимам себеси за идниот погреб бидејќи на видеата секогаш сум јас, никој друг не го прави тоа“, напиша таа во описот на чудното видео кое го објави на социјалните мрежи.
Локалните медиуми наведуваат и дека таткото на жртвата, кој живее во Перу, се обидел да договори навреме да добие виза за погребот на неговата ќерка, но документот наводно му бил издаден само еден ден подоцна.