МВР во денешниот билтен информира дека вчера во повеќе градови низ државава уапсиле лица кои поседувале марихуана.
-Денеска (31.07.2023) во 02.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.П.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 30.07.2023 во 19.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 30.07.2023 во 21.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 30.07.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-На 30.07.2023 во 22.55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(42) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 30.07.2023 во 23.10 часот на улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б.(31) од тетовски Порој, затоа што кај него и во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 31.07.2023 во 03.10 часот на улица „Видое Смилевски Бато” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Денеска (31 јули) во 04.35 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(18) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.