Рут Хeндлер направи револуција во индустријата на детската играчка која денес важи за најпопуларна кука на светот.
Пред да се појави Барби, девојчињата си играа со кукли кои ги инспираа да бидат мајки, така што од најрана возраст индустријата на играчки ги ставаше во улога на мајка која мора да ја храни и пресоблекува куклата. Секако, со тоа доаѓаше и цел сет додатоци.
За среќа, на почетокот на педесеттите, Хeндлер имаше прилично револуционерна идеја за тоа време. Нејзината идеја беше преку игра, девојчињата да замислат што би можеле да станат кога ќе пораснат.
Инспирација на Хендлер ѝ била нејзината ќерка Барбара, па токму поради тоа куклата била наречена Барби.
Хендлер во тој период веќе била соосновач на компанијата Mattel со својот сопруг. Компанијата продавала рамки за слики, пред да почне да продава мебел за кукли, а потоа и други играчки. Сепак, кога Рут им ја открила на директорите својата идеја за кукла која изгледа како возрасна личност, тие се спротивставиле. Тврделе дека ниту една мајка не би ѝ купила на својата ќерка кукла со гради.
Идејата била во застој сѐ до 1956 година, кога на одмор во Европа, Хендлер во една продавница ја здогледала германската кукла Bild Lilli. Куклата настанала врз основа на идеја од стип. Таа била со „раскошна“ фигура и дизајнирана како да е секси жена за војниците во текот на Втората светска војна. Па така, Хендлер купила една кукла и ја донела во САД за да им докаже на дизајнерите во компанијата дека и тие може да произведат нешто слично.
Конечно била создадена „Барби“, првпат претставена на Саемот за играчки во Њујорк во 1959 година. Првата Барби го носела сега веќе култниот црно-бел костим за капење. Барби станала голем хит, а обожавателите барале да има и момче, па така настанал Кен, наречен според синот на Рут.
Како што поминувале годините, Барби станала многу повеќе од куклите со кои си играле девојчињата. Барби како кукла, претставувала жена со кариера – докторка, ветеринарка, астронаутка, новинарска, адвокатка…За Барби немало ограничувања. Таа не мора да биде само мајка, и тоа е она што Рут го сакала од самиот почеток.
Рут Хендлер ја осмислила и протетиката за гради по мастектомија
Во текот на животот. Рут се соочила со бројни проблеми, но храбро ги прифаќала. „Контроверзните“ гради на куклата всушност имаат инспиративна приказна. Имено, во 1970 Рут се разболела од рак на дојка. Губењето на градите ѝ ја намалило самодовербата и тоа ја оддалечило од компанијата, па во еден момент таа помислила дека целосно ќе ја изгуби контролата над својата работа.
Трагајќи по соодветна протеза по мастектомијата, Рут одлучила дека сака да им помогне и на другите жени во слична ситуација. Таа ја осмислила протетиката за гради, а нејзината компанија Nearly Me, им помогнала на илјада жени во иста ситуација и ја произвела првата протеза од течен силикон.
Сѐ до овој револуционерен момент, жените кои ги имале изгубено градите поради рак, користеле марамчиња, памук или чорапи за да ги наполнат своите градници. Една деценија откако ја изгубила градата и две децении откако излегла првата кукла, Рут објаснила дека Барби со гради не служи за објективизација на жените, туку за прифаќање на грациозноста на телото на секоја жена.
„Кога ја создадов Барби, верував дека е важно за самодовербата на тие мали девојчиња, да си играат со кукла која има гради. Сега ми е уште поважно да им ја вратам самодовербата на жените кои ги изгубиле градите“, изјави Рут во едно интервју.
Како таква икона, јасно е дека таа се појавува во самиот филм „Барби“.