Богатството може да се мери на најразлични начини, но најголемиот благослов и богатство во животот се децата, зошто ниедно богатство на светот не може да се мери со дете. Сепак кога се редат коцките на животот , оние кои се однесуваат на добивање потомство можат да недостасуват.
Во денешно време многу парови се соочуваат со неможноста да добијат дете по природен пат, но за среќа денес медицината е отидена многу напред и со процесот на ин витро фертиризација, многу од нив имаат свои рожби.
25 јули 1978 е денот кога е родено првото бебе со ин витро во болницата „Ројал Олдам“, Велика Британија и токму затоа овој ден се одбележува како Светски ден на ИН ВИТРО.
По повод 24 јули-светскиот ден на ин витро , Ви ја претставуваме Специјалната болница за гинекологија и акушерство Др.Органџиски-Штип, место каде што се има исполнето сонот за дете на многу семејства.
Експертизата и посветеноста на целиот персонал на оваа медицинска установа, најновата опрема и услови за престој ја вбројуваат оваа специјална болница во врвните медицински установи во Македонија и прва и единстевна од ваков вид болница на истокот од државата.
Почетокот на ова што денес го носи името Специјална болница за гинекологија и акушерство Др. Органџиски, датира од пред 30 години, а во 2009 година е отворен и првиот центар за брачна неплодност со ин витро оплодување во Источна Македонија.
Денес сè повеќе парови бараат третман за неплодност, тоа е неможност да се зачне по природен пат и е медицинска состојба што е доста распространета насекаде низ светот.
Клучните причини за неплодност се и животниот стил и клинички фактори: стапување во брак во подоцнежни години, одложување на бременоста, зголемена потрошувачка на алкохол и тутун и зголемено ниво на дебелина, синдром на полицистични јајчници, туберкулоза, ендометриоза и друго.
Надежта последна умира, а реализирањето на желбата за дете е во оваа болница , место каде тимот функционира како една фамилија, и заедно со идните родители се радуваат на двете црти од тестот за бременост, со возбуда за првпат се слуша чукањето на новото срце, ја контролира бременоста за да на крај на свет донесат уште еден мал но многу посакуван човек.
Специјалната болница Др.Органџиски бори 40 вработени, од кои: 6 гинеколози, 1 специјалист по медицинска биохемија, двајца доктори анестезиолози, двајца педијатри од кои едниот е неонатолог, и други висококвалификувани лица од посебни области.
24 јули- Светски ден на ин витро е денот кога е родено првото дете зачнато со оваа метода, метода која го има променето животот на многу луѓе. А кога нештото не може да се случи по природен пат, побарајте го стручниот тим на Болницата Др.Органџиски, верувајте во нив, во стручноста, новата технолигија за ин витро, но најмногу верувајте во искуството и радоста која ја имаат дадено на многу парови.
Мото на оваа болница каде започнува и се раѓа живот е : „Најдобар начин да ја предвидете иднината е сами да ја создадете“.