Македонскиот тенисер Калин Ивановски кој синоќа го освои фјучрс турнирот во Скопје, бележи најдобар ранкинг на АТП листата, а 25. поени од турнирот во Македонија ќе му бидат запишани за следната недела.
Ивановски има скок од девет позиции со што се најде на 412. место на табелата, следниот понеделник се очекува да влезе во топ 400 откако ќе му бидат впишани и бодовите од скопскиот турнир.
Од македонските тенисери втор според ранг е Обрад Марковски се наоѓа на 1152 место (скок од 14 позиции) со 7 поени. Горазд Србљак се наоѓа на 1208.место (пад од 75 позиции). По еден поен имаат Берк Бугариќ 1706.место (скок 34 места) и Томислав Јотовски 1863 место (скок 89 места).
Македонските тенисери во оваа недела ги очекува настап во Дејвис Купот каде репрезентацијата на Македонија настапува во Ларнака Кипар, додека Србљак е пријавен на фјучрсот во Куршумлијска Бања.
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа има пад од две позиции, сега се наоѓа на 232. место на ВТА листата.
Ѓорческа оваа недела ќе настапи на фјучерсот во Чешка, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.