Три жртви во тешка сообраќајна несреќа, која се случила околу 12:30 часот меѓу две возила на автопатот Штип – Свети Николе, на половина километар од патарината кај Кадрифаково.
На самото место, животот го загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Подоцна на тешките телесни повреди им подлегнала и 37-годишна жена.
Како што пренесе новинската агенција МИА, во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани четворица повредени. Сообраќајот на оваа делница од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин и сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.