Германец, чиј идентитет се уште не е познат, е во тешка состојба во Италија по интимен однос, кој траел околу 24 часа. Овој 50-годишникот имал однос со сопругата и наводно имале луда ноќ откако земале екстази во нивниот стан, пренесува република.рс.
Локалните медиуми јавуваат дека мажот и претходно имал здравствени проблеми, а претходно овој месец одел и во болница. Повеќе од една недела откако бил примен, неговата состојба беше опишана како сериозна. Моментално е на одделението за интензивна нега, но прогнозата се уште не е позната.
Според извештаите на локалните медиуми, тој имал септичен шок што предизвикал некроза на пенисот и скротумот.
Да потсетиме, некрозата на пенисот е термичка повреда на гениталниот орган. Тоа е посебен вид на повреда која се јавува како резултат на топлина, студ или хемиски супстанции. Ако се водиме по непотребната поведа на пенисот што се случила случајно, прогнозата за овој човек може да биде сериозна.
Исто така, уште една несреќа се случила во Италија минатиот месец кога уролог (кој сега е под истрага) го ампутираше пенисот на пациент поради тумор кој се покажа дека го нема. 30-годишниот хирург е обвинет дека му нанел сериозни повреди на неименуван пациент во Тоскана во 2018 година. Тој човек денес има 68 години и е на суд против хирургот, а бара и отштета од 400.000 евра.
Пациентот рече дека претрпел „многу сериозна штета“ и дека заслужува компензација за физичката загуба, како и за психолошката траума низ која поминал. Локалниот весник објави дека сè низ што поминал било болно и дека хирургот кој го извршил ова дело е многу почитуван, но повеќе не работи во болница во Тоскана и се преселил во Милано, пишува „Мирор“.