Отфрлањето е болно и не можеме да го спречиме. Сепак, постојат начини да ја намалиме емотивната болка која ја чувствуваме кога некој ќе нè отфрли.
Отфрлањето е процес на исклучување на една личност од одредени социјални односи и интеракции. Отфрлањето може да биде и пасивно – со игнорирање или манипулирање со молчење. Иако одбивањето најчесто е смислено и оној кој го прави тоа, го прави со намера, тоа не мора секогаш да биде така. Секој од нас има специфичен праг на толеранција, па некои луѓе може да се чувствуваат отфрлени иако во реалноста тоа не се случува.
На пример, за некого отсуството на насмевка кога ќе се каже некоја шега, може да биде сигнал за отфрленост иако личноста немала таква намера.
Луѓето имаат фундаментална потреба за припадност и настојуваат да избегнат да бидат отфрлени секогаш кога тоа е возможно. Истражувањата покажуваат дека социјалната отфрленост има сличности со доживувањето физичка болка. Се активираат оние делови од мозокот кои учествуваат во обработката на болката и нејзините емоционални компоненти.
Колку е поинтензивно отфрлањето – толку е поинтензивна и реакцијата. Кога луѓето велат дека отфрлањето боли, тоа е навистина така!
Постојат луѓе кои се исклучитело чувствителни кога се чувствуваат отфрлено, па дури и во различни ситуации во кои нема социјална отфрленост, тие би можеле да го доживеат тоа како да се исклучени. На пример, ако вашиот пријател не ве викне на вечера, можеби едноставно заборавил или претпоставил дека сте зафатени. Сепак, пречувствителните луѓе ќе го сфатат тоа како отфрлање. Тенденцијата на пречувствителност на отфрлање најчесто доаѓа од детството доколку личноста била отфрлена од родителите.
Како да се ослободите од ваквото чувство?
Постојат четири чекори со чија помош може да се изборите со отфрленоста на здрав начин и да ја намалите не само емоционалната, туку и физичката болка.
Запишувајте ги своите чувствува
Истражувањата говорат дека пишувањето за чувствата и и импликациите на отфрлањето може да биде ефективен начин за побрзо процесирање на тие чувства и продолжување понатаму.
Вежбајте да прифаќате отфрлање
Прифаќањето на отфрлањето може да ја намали емоционалната болка. Прифаќањето не значи пасивно прифаќање на различните неправилни облици на однесување. Во овој случај прифаќањето се однесува на нашата способност да ги препознаеме и да ги признаеме сопствените мисли и емоции. Дури потоа ќе може да тргнеме во некаква акција.
Фокусирање на позитивните аспекти
Иако отфрлањето може да биде ужасно, едно истражување објаснува дека може да ни биде од корист да го пренасочиме своите внимание, но и да ги пренасочиме своите екотивности за да се чувствуваме подобро и да го ззајакнеме нашиот емоионален имунитет.
Емотивно дистанцирање од отфрлањето
Овој чекор подразбира и малку фантазија. Замислете дека сте инсект на ѕидот во ситуацијата во која доживувате отфрленост. Практично, вие се ставате во улога на сведок и ја намалувате емоционалната болка што ја носи ваквата ситуација.
Извор: sensa.mondo.rs