Пејачот Јасмин Ставрос (68) кон средината на неделата бил префрлен на Клиника за бели дробови Јордановац поради компликации на белите дробови.
Оваа вест за 24сата.хр ја потврдил проф. Федор Шантек, специјалист по радиотерапија и онкологија од загрепскиот КБЦ Ребро, каде пејачот прими терапија со зрачење.
-Точно е дека пациентот е префрлен во Јордановац поради компликации. Не можам да зборувам за какви компликации станува збор – изјави проф. Шантек и потврди дека Ставрос бил упатен на лекување на белите дробови.
Неофицијално, од болнички кругови дознаваат дека неговата состојба се искомплицирала речиси преку ноќ и дека има дрен во белите дробови.
Пред неколку дена поради терапијата со зрачење се намалиле силните болки кои ги трпел пејачот, па дури и им пеел на воодушевените медицински сестри на Ребро. Од болницата додаваат дека пејачот се уште е оптимист и сака да ја победи болеста.
Пејачот два и пол месеци се бори со рак на коски.