Шакира (46) ја избркал од Барселона таткото на нејзиниот поранешен сопруг, познатиот фудбалер Жерар Пике (36)!
Со денови во шпанските медиуми се пишуваше дека Шакира ја напушта Барселона и се сели во Мајами! Тоа го направила вчера во приватен авион заедно со синовите Милан (10) и Саша (8), а сега е откриена причината.
Познатите новинари на каталонскиот дневен весник „Периодико“ Лорена Васкез и Лаура Фа, кои први открија дека славната двојка се разведува во јуни минатата година, велат дека виновникот за заминувањето е таткото на фудбалерот.
“На 13 март Шакира доби мејл потпишан од таткото на Пике. Тој изјавил дека Шакира мора да ја напушти куќата во Барселона до 30 април, во спротивно ќе мора да плати отштета. Куќата е во сопственост на компанија со која раководи Џоан Пике. Пејачката имаше уште малку време, но одлучи да го искористи велигденскиот одмор со синовите и братот, а потоа трајно да се смести во Мајами“, открија познатите новинари.
И покрај тоа што Жоан Пике го „турка“ заминувањето на Шакира, неговиот син Жерар е лут на пејачката.
„Пејачката во петокот го известила Пике дека заминува од Шпанија, а тој е бесен затоа што му се јавила само два дена пред нејзиното заминување. Децата ќе тргнат на училиште во Мајами на 11 април, а на фудбалерот не му се допаѓа што ја менуваат средината на сред учебна година. Според договорот што поранешните сопружници го потпишаа во ноември, таа можела да ја напушти земјата кога ќе посакала после Божиќ, но Пике се уште е лут. Шакира не се потрсла за тоа што е лут, бидејќи добил дозвола од педагогот, психологот и наставникот да ги одведе децата, а тие и потврдиле дека нема да има проблеми, додава Лорена Васкез.
Интересно е што папараците снимија фотографија од расплаканата Шакира на 14 март во продавница во Њујорк, само еден ден по мејлот на таткото на Пике.