„Урбан радикал над Белград“ не е шега, тоа е наслов на интервјуто во исклучително популарниот магазин „Плејбој“ од 2004 година, во кое писателката Исидора Бјелица му поставува дваесет прашања на Александар Вучиќ, пренесува City Magazine.
Во стилот на Дионис, Вучиќ позира на креветот во бела карирана кошула , со едната рака држи грозје над главата, во скутот има чинија со овошје.
На фотографиите кои се достапни на интернет не може да се прочита целото интервју.
Овој број е на аукција, а цената е вистинска ситница. За колекционерите или љубителите на ликот и делата на Александар Вучиќ, доколку сакаат да ја имаат оваа копија во своите витрини или врамена на ѕид, ќе треба да ги издвојат сите 100.000 динари (50.000 денари), колку што е цената на овој број. .
„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.
Покрај фотографиите во боја и секако инстантно бесценето интервју, овој примерок содржи и мек и 112 страници од добро познато и глобално признато списание.