За верата во Христа во 320 година се упокоиле 40 свети маченици од Севастија, а во нивно име денес се слават Младенци.
Овој празник се слави како ден кога младите сопружници примаат гости во својот дом бидејќи сите загинати маченици биле млади мажи.
Гостите им носат подароци на младиот пар и на тој начин им помагаат на почетокот на нивниот брачен живот. На Младенци треба да дојдат и сите што биле на свадбената веселба. Овој празник е полн со многу обичаи. На овој празник жените треба да станат рано и да замесат 40 колачиња. Тие се нарекуваат младенчиња и симболизираат долг, среќен и сладок живот.
Добро е да се јаде мед, варени коприви и зелка на Младенци за да се исчисти крвта. Постои верување дека целата пролет ќе биде како денес. Поради оваа причина, добро е наутро да погледнете низ прозорецот и да видите какво е времето надвор.
Ако денес многу се смеете и имате позитивни мисли, се верува дека невестата може да ги растера облаците. Младенци секогаш паѓаат во пост, и затоа секоја гозба што се подготвува на овој ден мора да биде посна заради здравјето и напредокот на децата на младите сопружници, пренесува Мондо.рс.