Приказната за Србинот, Бошко Бркиќ и неговата сакана Адмира Исмиќ која била од муслиманска вероисповед, своевремено допре до луѓето од целиот регион. Нивната приказна стана симбол за верноста до смрт.
Една голема надеж била уништена на 18-ти мај со снајперски истрели на мостот Врбања во Сараево. Млади и заљубени, иако од различна националност, тие ја подготвувале својата свадба.
Бошко и Адмира Исмиќ одлучиле во 1993 година да го напуштат Сараево и да си заминат надвор од државата.
Како се запознале?
Во контакт стапиле за време на сараевската олимпијада, а нивното пријателство набргу прераснало во љубов. Кга почнала војната, Бошко решил да остане поради Амира, а таа пак решиле да замине токму поради него.
На 18-ти мај, двајцата млади се упатиле кон селото Грбавица кое тогаш било под контрола на Војската на Република Српска. Тогаш двајцата имале по 25 години. Претходно со помош на посредници било договорено ниту една од страните да не пука додека Бошко и Адмира го преминуваат мостот.
Планот бил совршен, но додека се држеле за рака преминувајќи го мостот Врбања, снајперски истрели го пробиле сончевото сараевско небо и паднале врз симболот на вечната љубов. Куршумите прво го погодиле Бошко и неговиот живот веднаш згаснал. Потоа била погодена и Амира.
Тешко ранетата девојка успеала со последните атоми на сила да дојде до мртвото тело на Бошко и набргу потоа, лежејќи во неговата прегратка, го испуштила последниот здив. Телата на двајцата вљубени биле на мостот девет дена на „ничија земја“ бидејќи меѓународните сили одбиле да помогнат во отстранувањето на телата, а ниту една од завојуваните страни не смеела да реагира. Конечно, по девет дена, војската на Република Српска ги тргнала телата. Тие биле погребани во Лукавица, но во 1996 година по желба на родителите на Адмира, нивните тела се пренесени на гробиштата во Сараево, Благослов за ова дала и мајката на Бошко.
Кој е виновен?
Искраз за смртта на Бошко и Адмира дал оперативецот на тајната служба на Босна и Херцеговина АИД, Един Гараплија, според кого за смртта се виновни тајните муслимански терористички единици „Шеве“. Гараплија за ова убиство ги обвинил Неџад Херенд кој во тоа време бил шеф на „Шеве“, но и припадникот на оваа единица Драган Шошиќ. Сепак, истрагата никгаш не била спроведена и не се знае со сигурност што точно се случило, па за овој случај никој досега не одговарал.
Оваа трагична приказна за двајцата млади вљубени, прв на светот му ја раскажал американскиот новинар Курт Шорк чија желба била да го погребаат близу грбот на Бошко и Адмира. Откако и самиот загинал додека известувал. Во 1994-та година CBS според оваа приказна, го снимил документарниот филм Ромео и Јулија во Сараево. Потоа била издадена и песна со наслов „Бошко и Адмира“.
„Каква Јулија, каков Ромео, никој не се сакал толку многу и никогаш нема, се додекадодека тече водата на Милјачка.