Синоќа во Струмица почна традиционалниот карневал, исполнет со нови и убави нешта.
А најмногу од тие убави нешта за фалење имаше градоначалникот Костадин Костадинов, кој ја покажа новата девојка, а беа маскирани како Тито и Јованка.
ММС дознава дека новата љубов на градоначалникот е Гордана Георгиева, докторка на Клиника за пластична хирургија. По потекло е струмичанка, но по завршување на студиите останала во Скопје. Сега, поради љубовта е на релација Скопје-Струмица.
Извори на ММС велат дека нивната врска е ептен тазе, односно, дека се почнало за новогодишните празници, но дури сега одлучиле јавно да ја објават љубовта.
ММС го побара Костадинов за коментар, кој ја потврди врската и кусо ни одговори:
-Да заедно сме со Гордана. Се знаеме поодамна, но во врска сме два месеци. Љубавта меѓу нас е сериозна, убаво ни е и толку. Нема повеќе да коментирам, рече тој за ММС.
А за идејата со девојката да бидат во костими на Тито и Јованка, дали идејата за овие маски носи порака поради актуелната ситуација, тој ни рече:
-Не беше идејата да се пушти порака за актуелната ситуација. Па суштината на маските е да се влезе од една кожа во друга, да заборавиме на проблемите на еден ден и да се забавуваме. Политичката сатира одамна е една од омилените теми на карневалите и нашата идеја за маски се светски лидери, кои нудат позитивни и негативни коментари. И секако таквте ликови во современото време треба да ги гледаме само на маскенбал. Ова нема никаква порака, само карневалска маска. А зошто бев Тито? Некој мораше да биде Тито. Така се договоривме со друштвото, некој мораше да биде папа, некој Хитлер, некој крал, кажа Костадинов за ММС.
Костадинов вчера вечерта ги изненади сите, кога се појави со новата љубов. По раскинување на свршувачката со поранешната девојка, тој се појавуваше сам. Но, од вчера веќе не ја кријат љубовта со неговата сограѓанка.
(В.М.)