Традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро повторно блесна во полн сјај и раскош!
Иако овој настан е еден од најпосетуваните во светот, а посетители доаѓаат од цела планета, постојат и некои не толку убави приказни поврзани со него.
Главниот слоган е „Карневал на животот и слободата“, а се очекува околу 46 милиони луѓе да присуствуваат на настаните што ќе се организираат во Ел Салвадор, Ресифе и Сао Паоло, а ќе траат до 25 февруари.
На карневалот се слави и победата на Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија на претседателските избори во октомври минатата година над Жаир Болсонаро, кој е обвинет за автократија. И додека едни се задоволни од прославите и парадите, други жестоко ги критикуваат.
– Конечно ја запознавме оваа катарза – беше изјавата на еден Бразилец.
Која е темната страна на познатиот карневал во Рио?
Уличната продавачка на брза храна Вивиен Мораис Фереира Гимарае со години танцува самба како претставничка на училиштето “Unidos do Porto da Pedra” и е редовен учесник на карневалот, но поради тоа е мета на ужасни коментари. Таа се соочува со многу предрасуди и навреди, а поради типот на танцот што го практикува и понудиле да работи како проститутка.
Многу непријатни ситуации имала и нејзината колешка од школата за самба “Acadêmicos do Salgueiro” Рајане да Силва Фереира.
-Танчерите на карневалот се „претерано сексуализирани“. Не малтретираат секогаш и секаде. Многумина не гледаат како жени со лесен морал само затоа што танцуваме – нагласи таа.
Претставникот на неколку школи за танц, Рајане да Силва Фереира, нагласи дека танчерите на самба често трпат сексуално вознемирување, а нивниот семеен живот е полн со тешкотии.
-Се разведов од сопругот затоа што беше против мојата љубов кон карневалското танцување. Ми рече да изберам помеѓу карневалот и него. Карневалот е мојот живот, затоа го избрав карневалот – изјави Силва Фереира.
Иако често гледаме само среќни слики, вистинската вистина од карневалот пред пандемијата изгледа вака:
-над 500 случаи на расизам, сексизам и хомофобија
-повеќе од 200 пријави за грабеж и обид за силување
-полициските извештаи покажаа дека од 2015 година насилството врз жените за време на фестивалот се зголемило за неверојатни 174 проценти
Надлежните целосно ги игнорираа официјалните податоци, а во преден план повторно се женските облини и танцување и одличната атмосфера, додека зад сценскиот сјај се крие сосема друга приказна. Насловните се преполни со ексклузивни фотографии од гостинката Алесандра Амбросио, а суровата вистина никаде не е напишана, пренесува Kurir.rs