Постапете како да сум ваше дете, им порача Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, на премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски и на Владата.
Тој во својата објава на Фејсбук, каде објави и фотографии од болница уште еднаш ги потсети надлежните институции за овие болни.
-На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно понижувачки. Уште колку време треба да чекам за лекот трикафта и за пристојно работно место, не било какво или повторно чекате да се вратам во болнички кревет. Постапете како да сум ваше дете, напиша тој.
Игор пред извесно време за ММС даде искрено интервју, во кое зборуваше за својата мака и борба со цистична фиброза, но и за тоа со какви проблеми се соочува поради ова. Прочитајте ја животната приказна на Игор: