Список на пет катаклизмични земјотреси на сите времиња објави српскиот портал Новости.
Листата на оваа апокалипса по разорност и број на загинати изгледа вака:
- Југоисточна Азија, 2004 година, 230.000 мртви: Земјотресот со јачина од 9,1 го погоди брегот на индонезискиот остров Суматра и предизвика цунами во кое загинаа 230.000 луѓе ширум регионот, од кои 170.000 во самата Индонезија. Брановите високи 30 метри се движеа со брзина од 700 километри на час и уништија се што им беше на патот.
- Хаити, 2010 година, 200.000 мртви: Земјата се затресе со јачина од седум степени според Рихтеровата скала на 12 јануари 2010 година, а потоа се урна главниот град Порт-о-Пренс и околниот регион. Ударот ја отсече земјата од остатокот од светот на 24 часа и уби над 200.000 луѓе, остави милион и пол без покрив над главата и уништи голем дел од кревката инфраструктура на Хаити. Хаити беше погоден од епидемија на колера во септември истата година, која ја донесоа „мировници“ од Непал, кои пристигнаа во земјата за да помогнат по земјотресот. Болеста однесе повеќе од 10.000 животи.
- Сечуан, 2008 година, 87.000 мртви: Повеќе од 87.000 луѓе, вклучително и 5.335 ученици, загинаа или исчезнаа кога земјотрес со јачина од 7,9 степени ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан на 12 мај 2008 година. Потресот предизвика бес, бидејќи се дозна дека 7.000 училишта се тешко оштетени, што доведе до оптужби за лоша градба, опасни заштеди и можна корупција, особено поради фактот што многу други згради во близина го издржаа тресењето на земјата.
- Кашмир, 2005 година, 73.000 мртви:: Во земјотресот на 8 септември загинаа повеќе од 73.000 луѓе, од кои повеќето беа во пакистанската северозападна погранична провинција и Кашмир под пакистанска управа. 3,5 милиони луѓе беа раселени.
- Турција и Сирија, 2023 година, досега 35.000 загинати: Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на турскиот град Газиантеп, недалеку од границата со Сирија. Станува збор за најголемиот земјотрес во Турција во последните сто години, по кој следеше последователен потрес со јачина од 7,5 степени, а цели населби во градовите во југоисточна Турција и на северна од војна разурната Сирија беа срамнети со земја.