Тешко е кога си далеку од дома, ти недостасува се, па и твојата омилена музика.
Нашите иселеници во Америка често канат естрадни уметници, за да можат во живо со нив да запеат македонска песна.
Таква покана, по една година пауза, тоага повторно на адреса на групата „Енерџи бенд“.
Членовите на „Енерџи“, кои во моментов се на турнеја во Австралија, само што ќе дојдат и веднаш треба да заминат на гости кај нашите во Америка.
На барање на македонските иселеници, а во организација на црквата „Св. Богородица“ од Детроид групата „Енерџи“ повторно заминува преку океанот.
Нивната турнеја е наречена велигденска, бидејќи ќе се одржи на празникот, кој го слават илјадници наши во Сад. Почнува од 27 март, а ќе трае до 30 април.
На оваа турнеја планирани се седум концерти во градовите Чикаго, Колумбус, Рочестер, Њујорк, во Њу Џерси, Детроит и во Индијана. Убава вест е што поради голем интерес во Њу Џерси веќе е закажан и втор концерт.
Сите концерти се во македонски културни центри, во цркви, заедно со играорни групи.
Македонски изворни, фолк и патриотски песни се дел од големиот опус на „Енерџи бенд“, што го промовираат ширум светот.