Утрово во 7.31 часот земјотрес го погоди грчкиот остров Лефкада.
Земјотресот бил со јачина од 3,1 степен според Рихеровата скала.
Досега нема пријава за повредени или материјална штета.
Ова е втор земјотрес за 24 часа во Грција. Вчера попладне со јачина од 5,1 степен се тресеше островот антикитера.
Потресот бил лоциран во морското подрачје, на околу 21 километар југоисточно од островот Антикитера, меѓу јужниот дел на Пелопонез и северозападниот брег на островот Крит.