Точно 50 години е од почетокот на Сојузната младинска работна акција „Плачковица“, на која млади од цела Југославија од 1975 па се’ до 1978 година со доброволно ангажирање го градеа патот до врвот на планината Плачковица до Штип.
Некогашните акцијаши од Штип, кои заедно со свои врсници од некогашните југословенски републики и армијата работеа на патот, за крајот на август го планираат одбележувањето на овој значаен датум.
Главните настани се закажани за 30 август, кога во присуство на некогашни акцијаши од Словенија, Србија и Македонија е планирана свеченост со собирање и рапортирање како што некогаш почнувале работните акции, ќе има изложба на фотографии во Безистенот од сите години на акцијата, како и организирана посета на знаменитостите низ Штип и околината.
Ден пред свеченостите се очекува доаѓање на педесетина акцијаши од Словенија и Србија и околу сто од Македонија. Во тие три дена на дружење, до 31 август, кога гостите си заминуваат, се очекуваат многу возбудливи моменти за некогашните волонтери, кои со свој труд за четири години изградија пат во должина од 40 километри до врвот на планината Плачковица, овозможувајќи пристап на жителите на десетина села.
Во работата на патот учествуваа над 3000 бригадири.
Некогашните акцијаши од Штип се’ уште се активни и деновиве работат на организација на свеченоста. Имаат и свој подмладок, од кои дел заминаа на Младинска работна акција во Нови Пазар, Србија, каде работат на уредување на брегот на езеро со нови плажи.
За одбележувањето на 40-годишнината од МРА „Плачковица“ прочитајте повеќе: