Пред Судот во Штип денеска беа одржани протести против донесена судска пресуда поради напад врз вработен во Армијата.
Станува збор за три обвинети лица каде за две лица е донесена одлука казна затвор две години, а едното е ослободено од обвинение.
„Станува збор за мене и моите две деца, но има и друга фамилија која е нападната физички од полицаец. Треба да има правда за сите. Ако ние нив ги удриме, треба да одиме по 20 години затвор. Мојот син е удрен, исто и жена ми. Судијката е од Куманово која не можат таму да ја примаат да работи, дели правда тука. Станува збор за селективна правда, треба да лежиме по две години, а плус ние сме тие кои беа тепани. Сакаат животот да ни го уништат“, вели Вејсел Демиров.

Од Судот велат дека пресудата е неправосилна и е во фаза на рок за жалба.
„По повод протестот пред Основниот суд Штип, каде граѓани изразуваат незадоволство за пресудата К.бр. 62/21 за кривично дело насилство од член 386 став 6, каде на ден 28.05.2025 година е донесена пресуда со казна од две години затвор, а едно лице е ослободено од обвинение“, велат од штипскиот Суд.
К.Т.