Полицијата вчера после полноќ го лишила од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица кој се сомничи за „безобѕирно управување со моторно возило“ бидејќи кај него биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта при сообраќајна контрола.
-На 02.07.2025 во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што дополнуваат, против Б.М. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.