Трагедија го потресе индискиот град Ахмедабад кога патнички авион на „Ер Индија“, со 242 луѓе на бордот, се урна само неколку секунди по полетувањето кон Лондон.
Летот AI171, кој требаше да стигне до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, ја изгубил врската со контролата на летот на висина од само 625 стапки (околу 190 метри), објави платформата Flightradar24. Последниот сигнал е примeн буквално неколку секунди по поаѓањето, што укажува на ненадеен и тежок дефект.
Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 британски, еден канадски и седум португалски патници, пренесува BBC. Снимки од местото на несреќата прикажуваат густ црн чад како се издигнува над станбена област – потврдувајќи ги најлошите стравувања.
Спасувачките екипи веднаш реагираа, а сите приоди до областа се затворени. Судбината на патниците и екипажот сè уште е непотврдена, а јавноста со нетрпение ги очекува официјалните информации од надлежните институции.
Се работи на утврдување на причините за несреќата, која се заканува да биде една од најтешките во поновата историја на индиската авијација.
Фото: BBC