Европската федерација во ракомет (ЕХФ) во вторник ќе одлучува за финалето меѓи АЕК и Алкалоид во ракомет, откако грчките ракометари одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“. Раковоството на АЕК го условуваше мечот со влезот на сите навивачи, неофицијално околу 1000, иако се определени 200 влезници за гостинските навивачи.
„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ помеѓу РК Алкалоид и АЕК Атина во моментов е одложено. Дополнигелно ќе бидат објавени информации, соопшти ЕХФ.
Салата полека се празни, додека останува нејасно за исходот од натпреварот. Според правилата, доколку не излезе екипа на терен, натпреварот се регистрира службено со 10:0.
Раководството на АЕК им наложи на играчите да не излезат на терен и да го одиграат натпреварот. Иако тимот на Алкалоид, беше присутен на презентацијата на натпреварот, АЕК остана надвор од терено, создавајќи невидена ситуација што на крај доведе до одложување на финалето.
Ова не му е прв пат на АЕК да одбие да игра. Во март годинава вториот натпревар од четвртфиналето на Купот на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК никогаш не започна откако играчите на грчкиот клуб се повлекоа во соблекувалната поради експлозии слични на топови што паднаа на теренот само неколку минути пред закажаниот почеток.
Грците се вратија еднаш на теренот, по што следеше уште една експлозија, по што повеќе не се вратија. Во меѓувреме, публиката се смири, капитенот на РК Партизан, Никола Зечевиќ, ги повика навивачите на фер и спортско навивање, но Грците останаа решени да не играат во Белград од безбедносни причини. Конечната одлука ја донесува делегатот на EHF по еден час и 40 минути чекање.
Се огласи Грчката ракометна федерација:
„Заобиколувањето на регулативата од страна на РК Алкалоид во врска со правото на навивачите на АЕК да бидат присутни на второто финале од Европскиот куп на ЕХФ, беше причина за силниот протест на грчкиот тим и неговата одлука да не се натпреварува. Затоа, ЕХФ го откажа натпреварот од безбедносни причини, а нејзините надлежни тела ќе ја проценат неговата конечна судбина“, се вели во соопштението на Грчката федерација.