МВР информира дека уапсило несовесен возач од Тетово, кој возел со 111 км/час.
-На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од село Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово тој управувал патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.