Продажбата на нови автомобили од марката „Тесла“ во Шпанија падна за 36 отсто во април, споредено со истиот месец минатата година, и изнесувала 571 возило, соопшти Шпанската асоцијација на производители на автомобили и камиони (АНФАК).
Локалните медиуми посочуваат дека ваков пад е забележан низ цела Европа во првите четири месеци од годината – намалување од 37,2 отсто.
Причините за падот, според аналитичарите, е сè поголемото навлегување на кинеските електрични автомобили на пазарот, како и незадоволството на европските потрошувачи од политичките ставови на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск.