За бенефитот од јавниот превоз што проблно почна да функционира од септември, а официјално од почетокот на оваа година зборуваат фактите што ги сподели градоначалникот Костадин Костадинов:
„До денес електрични автобуси и ЈП „Струмица транспорт“ за гориво потрошија 0 денари! Со субвенциите од општината моите струмичани од селата и градот имаат 9.750.000 денари повеќе во семејните буџети, а си ги решаваат нивните секојдневни обврски. За 5 месеци исто така имаме 60.000 возила помалку низ улиците на Струмица, близу 200.000 граѓани кои го користат секојдневно јавниот превоз“ соопшти Костадинов.
Кога ќе се видат овие факти, смета Костадинов, јасно е зошто општината и претпртијатијата се блокирани од институциите на централната власт, додека како што нашиша, „на владата ѝ смета успехот, но и заштедата“.