Голема трагедија го потресе Купиново, населба во Србија, каде што еден човек загина откако со автомобилот слетал во реката Сава мислејќи дека убил човек и се удавил.
Благоје од Купинов со автомобило го удрил својот сосед Перо кој возел велосипед. Мислел дека го убил, по што намерно слетал со возилото во Сава за да се самоубие. За жал, тој успеал во тоа, пренесува Блиц.
Она што ја прави приказната уште потрагична е фактот дека неговиот сосед дури и не бил повреден, а тоа го потврдиле и мештаните.
-Возачот малку се напил и го удрил соседот. Велосипедот се распаднал, но човекот останал неповреден. Дури ни брзата помош не дојде. Возачот на автомобилот мислел дека го убил велосипедистот, па отишол до Сава и слетал во неа со својот автомобил, а потоа се удавил – изјавил сведокот за „Блиц“.