Еден човек е уапсен во Романија, под сомнение дека ја држел сстрата на сопругата на шините сè додека не ја прегазил воз! Ужасниот злостор што го потресе Балканот се случил ноќта помеѓу саботата и неделата, околу 1:15 часот по полноќ.
Според извештаите, човекот се скарал со сестрата на сопругата, по што решил да ја убие. Тој ја натерал да легне на шините и ја држел цврсто додека не дојде возот. Иако жртвата се обидела да се ослободи од стисокот, тоа ѝ било невозможно. Со ужас во очите, таа гледала како товарниот воз што ѝ се приближувал. Машиновозачот немал шанса да го избегне судирот. Локомотивата ја удрила жената и ја влечела околу 60 метри. За жал, жртвата починала на самото место.
„Обвинетиот ја спречил жртвата да стане од железничката пруга. Користејќи физичка сила, со постојано туркање со рацете, мажот ја држел на шините токму во моментот кога се приближувал товарен воз што сообраќал во правец на Алешд-Ораде“, објаснил портпаролот на Обвинителството во Бихор.
Клучен сведок во овој случај бил машиновозачот, кој им раскажал на истражителите како жената била принудена да остане на шините, додека нејзиниот напаѓач скокнал настрана во последен момент.
Убиецот бил уапсен во еден од влезовите на станбената зграда.
Тој бил приведен 24 часа и обвинет за убиство, за што се соочува со казна затвор од 10 до 20 години, пренесува курир.рс.