Федералната канцеларија за миграции и бегалци на Германија соопшти дека изминатите недели 464 Сиријци се согласиле да се вратат во татковината, а за возврат ќе добијат одредена сума евра.
Според програмата на возрасните, кои ќе се вратат во Сирија, ќе им бидат исплатени по 1.000 евра, на малолетните лица по 500 евра. Предвидени се и 200 евра за возрасните лица за пат, а на децата им следуваат по 500 евра, како и до 2.000 евра за лекување, доколку е потребно.
Финансиската поддршка е дел од стратегијата на Германија за поттикнување на враќањето на сириските бегалци во нивната татковина по неодамнешните политички промени и подобрените безбедносни услови во земјата.
Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, стотици илјади Сиријци пристигнаа во Германија. Сега во Германија живеат над 700.000 сириски бегалци. Вкупниот број на луѓе со сириско потекло и двојно државјанство во Германјија изнесува речиси 1,3 милиони. МИА