Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице, кое најверојатно е погодено од гром во селото Мажучиште, Општина Прилеп.
Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и Итната медицинска помош за понатамошна постапка.
Според последната информација добиена од РЦУК Битола лицето било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.