Обвинителството ја потврди информацијата дека во тек се нови прведувања за поѓарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но не ги потврди медиумските наводи дека осомничени се нови 23 луѓе. Меѓу приведените неофицијално се поранешните министри за економија Валон Сарачини и Беким Незири и поранешниот дикректор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, актуелен министер без ресор. Приведен е и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами од Вреди.
-По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек, соопшти ЈОРМ.
ТВ 21 соопшти објави дека истрага за поѓжарот се проширува на нови дваесетина лица, а деветнаесет од нив се веќе обезбедени и се вршат разговори. Меѓу нив е Дритон Кучи, екс министер за економија кој во моментов ја извршува функцијата амбасадор на Македонија во Норвешка.