Германија ќе обезбеди 11 милијарди евра воена поддршка за Украина до 2029 година, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров.
Тој рече дека испораките планирани за оваа година ќе помогнат да се зајакне воздушната одбрана на Украина и да се поддржат трупите на Киев на бојното поле.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска изјави дека ЕУ годинава одвоила над 23 милијарди евра за помош на Украина.
Велика Британија соопшти дека во заедничка иницијатива со Норвешка ќе одвои нешто повеќе од 580 милиони долари за купување на стотици илјади воени беспилотни летала, радарски системи и противтенковски мини, како и за поправка и одржување на оклопните возила на Украина за да останат оперативни на линијата на фронтот.